Заврши Евробаскетот за Богдан Богдановиќ

Заврши Евробаскетот за Богдан Богдановиќ

пред 2 дена

Капитенот на кошаркарската репрезентација на Србија, Богдан Богдановиќ го заврши своето учество на Европското првенство, тврдат медиумите во оваа земја.

Како што пишува „Меридијан Спорт“, повикувајќи се на неименувани извори од Соединетите Американски Држави, Богдановиќ поради повреда нема да може да и помогне на својата репрезентација.

Му била дијагностицирана руптура на мускулот на тетивата, тврди претходно споменатиот извор, поради што нема да може да се врати во ротацијата на тимот на тренерот Светислав Пешиќ. Според прогнозите, Богдановиќ го очекува пауза од четири до шест недели.

Богдановиќ се повреди на крајот од првово полувреме од натпреварот од второто коло против Португалија.

Не се врати во вториот дел, по што го пропушти натпреварот и победата над Латвија (84:80).

Селекторот Пешиќ останува со намалена ротација од 11 играчи, но што е полошо, остана без лидерот на тимот и еден од неговите најдобри играчи и стрелци.

Србија следниот натпревар ќе го игра во понеделник против Чешка (20.15).

Foto/ FIBA

Share
Scroll to Top