Еден од најдобрите фудбалери на шведската репрезентација, Исак Хиен, го заврши овогодинешното Светско првенство.
Тој се повреди на натпреварот против Јапонија, го напушти теренот во 37-та минута.
Фудбалерот на Аталанта беше стартер на секој натпревар како стопер, но по повредата мораше да го напушти кампот на шведската репрезентација.
„Сонот се оствари, но заврши прерано за мене. Им благодарам на сите шведски навивачи кои ме поддржаа, навистина сте неверојатни. Голема благодарност до момците во тимот и до сите околу репрезентацијата, ова е едно од најубавите искуства што еден фудбалер може да ги има.
До моето семејство и блиските пријатели кои секогаш се тука за мене, не можам да изразам колку сум благодарен. Напред Шведска! Ќе се вратам уште посилен!“, напиша Хиен.






