Германскиот тенисер Александер Зверев се надева на добар резултат на САД опен кој започнува на 30. август, но сепак фаворитската улога му ја препушта на најдобриот во моментов, Новак Ѓоковиќ.
Германецот вчера ја освои титулата во Синсинати и со 11 победа во низа има многу самодоверба.
„Бев близу до титулата, сега се радувам на она што ме очекува. Му се радувам на турнирот затоа што знам колку можам. Се надевам дека ќе играм уште подобро“ вели Зверев.
Тој во Токио на ОИ го совлада Ѓоковиќ.
„Новак и понатаму е фаворит, верувам дека ќе игра неверојатно. Ќе дојде свеж. И останатите момци се во добра форма. Ќе видиме. Новак и понатаму е најдобриот, но и младите играчи станаа јаки“ вели тој.
Инаку, САД опен ќе ги нема годинава Рафаел Надал и Доминик Тим, кои триумфираа на последните две изданија на овој грен слем турнир.