Зверев се брани од Бекер: Борис само зборува глупости

Зверев се брани од Бекер: Борис само зборува глупости

пред 8 часа

Александар Зверев ја искористи својата прва недела на врвот на светската ранг-листа за нов напад врз Борис Бекер.

Војната меѓу двајцата најдобри играчи во историјата на германскиот тенис се разгоре во последните месеци, по освојувањето на две Гренд слем турнири, на Зверев му е преку глава да ги слуша критиките на Борис.

Неодамна, Бекер возврати уште пожестоко:

„Родителите на Саша потекнуваат од Русија, никогаш јавно не го кажал својот став за воојната во Украина, а на Германците тоа не им се допаѓа“, рече најмладиот победник во историјата на Вимблдон, дополнувајќи дека дека Зверев не е популарен во Германија.

„Роден е во Хамбург. Дава интервјуа многу подобро на англиски јазик, додека неговите изјави на германски јазик се кратки и сувопарни. Дури и не е љубезен кон печатот. Попријатен е на англиски отколку на германски јазик“, рече Бекер неодамна во „Шпигел“.

Зверев сега му одговори:

„Борис, како и секогаш, зборува глупости. Не знам што се случува со него сега, но имам впечаток дека сака да коментира за што и да се случува. Бара најмала причина да ме потцени. Навистина не разбирам зошто мисли дека треба да давам политички изјави. Имам јасен став за сè, но никој не ме прашал ништо на таа тема. Јас не сум од оние што коментираат такви работи на Инстаграм“.

Тврди дека неговата популарност е голема и дека зборовите на Бекер не се вистинити.

„Во финалето на Ролан Гарос, почувствував дека 70 проценти од луѓето се со мене“, се присети тој на дуелот против Флавио Коболи.

„На Вимблдон против Синнер беше 50:50, на Отвореното првенство на САД имаше повеќе луѓе што навиваа за Шелтон, но тоа е нормално бидејќи тој е Американец“.

Share
Scroll to Top