Зверев се „загреа“ за Ролан Гарос со титула од Мадрид

Зверев се „загреа“ за Ролан Гарос со титула од Мадрид

пред 4 години

Александер Зверев покажа дека на него мора да се смета како на еден од фаворитите за Ролан Гарос, откако по тешка битка со 6:7(8)/6:4/6:3 го совлада Италијанецот Матео Беретини за да ја освои својата втора титула од Мадрид опен и четврта Мастерс 100 круна.

Зверев, кој на патот до финалето ги победи специјалистите за игра на земја, Рафа Надал и Доминик Тим, го загуби првиот сет на турнирот од Беретини, но успеа да се врати за негова прва титула на земја од 2009 година.

Беретини го играше своето прво Мастерс 1000 финале, откако го доби тај-брејкот во првиот сет со 8:6, но Зверев направи еден брејк во вториот сет за да примора одлучувачки сет. Италијанецот имаше брејк топка на 2:2 во последниот сет, но потоа загуби сервис и Зверев ја запечати победата по 2 часа и 40 минути игра.

За Зверев сега следува Италијанскиот опен во Рим, пред да се обиде да стигне до првата гренд слем титула во Париз, каде што претходно го нема минато четврт-финалето.

Share
Scroll to Top