Зверев со мал „трик“ го изнервира Херис, па стигна до полуфиналето на САД опен

Зверев со мал „трик“ го изнервира Херис, па стигна до полуфиналето на САД опен

пред 3 години

Александер Зверев беше еден од најгласните критичари на Стефанос Циципас и неговото често одење во тоалет за да се наруши концентрацијата на противникот, но германскиот четврти носител на САД опен искористи сличен трик во клучен момент во првиот сет, за потоа да го совлада Јужноафриканецот Лојд Херис со 7:6(6)/6:3/6:4 за да влезе во полуфиналето на американскиот гренд слем.

Контроверзниот момент се случи во првиот сет, кога Херис имаше сет-поен при 6:5 водство во тај-брејкот, а германскиот тенисер се пожали дека ТВ екранот на САД опен правел рефлексија на теренот. По ова следуваше пауза од минута и пол, по која Херис ја загуби концентрацијата, а потоа и тај-брејкот. По ова, Зверев го крена нивото на играта и по нешто повеќе од два часа се пласираше во полуфиналето.

Таму, Зверев, кој е во победничка низа по титулите од Олимпијадата во Токио и Мастерсот во Синсинати ќе игра против подобриот од дуелот меѓу светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ и италијанскиот предизвикувач Матео Беретини.

Share
Scroll to Top