Здравко Мамиќ во свој стил го прослави успехот на Хрватска

Здравко Мамиќ во свој стил го прослави успехот на Хрватска

пред 2 години

Репрезентацијата на Хрватска го освои бронзениот медал на Светското првенство во Катар откако во мечот за третото место го совлада Мароко со 2:1. Победа на Динамо му донесоа поранешниот и сегашниот играч на Динамо Загреб, Јошко Гвардиол и Мислав Оршиќ со головите во првото полувреме.

Тоа го израдува Здравко Мамиќ, кој се огласи веднаш по новиот медал за хрватската репрезентација.

„По третпат во последните седум шампионати Хрватска е на подиумот во конкуренција на 211 земји. Земја со 3,5 милиони жители. Вторпат во четири години освојуваме медал. Давид против многу Голијати. Девет играчи на Динамо одиграа вечерва во меч кој на Хрватска и носи нов светски бронзен медал, а двајцата стрелци се скапоцености на Динамо. Срцето ми е полно како куќа. Браво за Далиќ, браво момци!“, напиша Мамиќ на својот Фејсбук профил.

Share
Scroll to Top