Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, ја прифатил одговорноста за шокантниот пораз во Лигата на шампионите од Шахтјор (2:3). Тимот на Зидан во четири дена доживеа ново понижување на домашен терен, по поразот од Кадиз во Ла Лига (0:1), Мадрид со кренати глави го напуштија и фудбалерите на украинскиот шампион.
„Лош момент. Прв меч во Лигата на шампионите…Не игравме добро, а кога тимот не игра добро виновен е тренерот. Одговорноста за овој пораз е моја. Морам да најдам решение, не можеме да играме вака“, рекол Зидан.
Играчите на Реал доживеаја нокаут во првиот дел, кога во интервал од 13 минути примија три гола. Во вториот дел два гола не беа доволни да го избегнат поразот.
„Добро реагиравме во вториот дел, но првото полувреме беше многу лошо. Не влеговме добро во натпреварот, немавме самодоверба. Игравме во изменет составо, но тоа не треба да биде оправдување“.
Реал во сабота се соочува со нов голем предизвик, гостува на „Ноу Камп“ во Барселона.
„Ќе го анализираме овој натпревар за да се подготвиме за дербито“, заклучил Зидан.