И покрај илјадниците фанови, Холандското ГП има загуба од 10 милиони евра!

И покрај илјадниците фанови, Холандското ГП има загуба од 10 милиони евра!

пред 3 години

Јан Ламерс, спортскиот директор на Холандското ГП во Цандфорт, вели дека и покрај спектакуларните сцени на илјадници холандски фанови на неделната трка, поради пандемијата на КОВИД-19, организаторите се соочуваат со загуба од 10 милиони евра.

На трката беше дозволени да присуствуваат по 70.000 гледачи во трите дена, односно две третии од капацитетот, а настанот немаше финансиска поддршка од холандската влада.

„Уште ги немаме деталните пресметки, но пред неколку недели се простивме со повеќе од 10 милиони евра. Немаме ниту едно евро финансиска поддршка од владата, што е за гордеење, но минусот останува. Не сакаме да се жалиме премногу“, вели Ламерс.

Возачите и тимовите беа воодушевени од првото Холандско ГП по 36 години, а главната причина за воскреснувањето на трката секако беше Макс Ферстапен, кој ја освои пол-позицијата и победата, враќајќи го водството во генерален пласман.

Share
Scroll to Top