Ивановски на ЕП постави нов државен рекорд во полумаратон

Ивановски на ЕП постави нов државен рекорд во полумаратон

пред 4 месеци

Македонскиот атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски постави нов национален рекорд во полумаратон на Европското првенство кое се одржува во италијанската престолнина, Рим.

Полумаратонот во Рим, Ивановски го заврши со време од 1:04.01 часа, што е за 44 секунди подбро од неговиот претходен рекорд.

Траката, Ивановски ја заврши на 29. место во конкуренција на 64 натпреварувачи.

Златниот медал, со нов рекорд на европските првенства (1:01.03 часа) го освои домашниот натпреварувач, Јеманеберхан Крипа. Тој во драматичен финиш за едн секунда го победи сонародникот Пјетро Рива,а трет бее Германецот Аманал Петрос со четири секунди послаб резултат од победникот.

Share
Scroll to Top