Извлечени двојките во Купот на Кралот – Реал и Барса се слободни во првите две рунди

Извлечени двојките во Купот на Кралот – Реал и Барса се слободни во првите две рунди

пред 4 години

Шпанците попладнево ги одредија двојките за првата рунда во Купот на Кралот. Интересно, натпреварувањето за сезоната 2020/2021 ќе започне на 16.декември, иако минато сезонсакиот Куп официјално се уште не завршил.

Финалето помеѓу Реал Сосиедад и Атлетик Билбао, поради пандемијата на коронавирусот е одложено за некои подобри времиња, односно кога ќе може да се игра со присуство на публика.

Најверојатно клубовите од Баскија, финалето ќе го одиграат во април 2021 година.

Попладнево, во ждрепката, имаше 112 клубови, 16 од нив се од Ла Лига. Првите две кола ќе ги попуштат финалистите од минатата сезона, односно Реал Мадрид и Барселона. Овие четири екипи во јануари наредната година, во Саудиска Арабија, ќе играат на турнирот во Суперкупот на Шпанија.

Во првата рунда, се игра само еден натпревар и тоа на теренот на клубот од понискиот ранг на натпреварување.

Најатрактивни екипи во првата рунда секако се Атлетико Мадрид и Севилја.

Во првото коло Атлетико ќе гостува кај аматерите од Кардасар, додека Севилја ќе игра против Сиудад де Лусена.

 

Share
Scroll to Top