„Имам пари да купам три коли и приватен авион, ама зошто ми се“

„Имам пари да купам три коли и приватен авион, ама зошто ми се“

пред 4 години

Американскиот кошаркар Ајзеа Канан изнесе голем дел од товарот на својот Уникс Казан против Локомотива во четвртфиналето на Еврокупот. Тој стана миленик на публиката во Казањ, но не само поради играчките перформанси, туку и поради неговиот став за европската кошарка кој е поразличен од повеќето кошаркари кои играле во НБА.

„Европскиот стил на кошарка е посебен, јас тоа би го нарекол паметна кошарка. Не е важен само физичкиот пристап. Во НБА се зависи од вашите лични способности, поединечни акции, шутеви, изолација“ – вели тој.

Сепак, вели дека животот го научил да гледа од поинаков агол и поинаку да го вреднува животот, пред се по ураганот „Катрина“ кој го погодил неговото родно место во 2005 година.

„Некои работи за ки некои мислат дека се важно, всушност не се. Се што е материјално повторно можете да го стекнете, но никогаш не можете да го вратите животот. Во кариерата заработив пари, но не ги трошам на накит или автомобили. Не ми требаат три автомобили и приватен автомобил. Секако, можам да ги купам, но тоа нема да ме израдува, зошто ми се? Подобро да го поминам времето со семејството и пријателите, да отидам на патување со нив, да и помогнам на заедницата, на родниот град“ – рече Канан.

Share
Scroll to Top