Интер го „здроби“ Удинезе за да ја започне прославата

Интер го „здроби“ Удинезе за да ја започне прославата

пред 4 години

Интер стигна до рутинска 5:1 победа над Удинезе пред околу 1.000 гледачи (семејства и пријатели на фудбалерите и членовите на тимот), додека пред стадионот илјадници навивачи го чекаа пристигнувањето на трофејот од Серија А кај „нераѕурите“ по деценија чекање.

Ешли Јанг во осмата минута по проигрување со Лаутаро Мартинез го постигна својот прв гол оваа сезона, пред Кристијан Ериксен од слободен удар во 44. минута да зголеми на 2:0. Во второто полувреме, во славеничка атмосфера, во 55. минута, Лаутаро зголеми на 3:0 од пенал, пред во 64. минута, Иван Перишиќ да стрела за 4:0.

Ромелу Лукаку, еден од најзначајните играчи на Интер во шампионската сезона, влезе на местото на Лаутаро и во 72. минута зголеми на 5:0, пред Роберто Переира во 78. минута од пенал да даде гол за Удинезе.

Share
Scroll to Top