Италија не сака по административен пат да стане учесник на Мундијалот

Италија не сака по административен пат да стане учесник на Мундијалот

пред 2 часа

Спортски и владини функционери во Италија остро го отфрлија предлогот на американскиот претставник Паоло Замполи, Италија да го замени Иран на Светското првенство.

„Не е соодветно. Квалификувајте се на теренот“, рече Андреа Абоди, италијанскиот министер за спорт, додавајќи дека верува оти таква промена од страна на ФИФА „би била невозможна“.

Претседателот на Италијанскиот национален олимписки комитет (КОНИ), Лучијано Буонфиљо, го изрази своето несогласување, велејќи: „Би бил навреден. Мора да го заработиш пласманот на Светското првенство“.

Министерот за економија Џанкарло Џорџети додаде дека „би бил засрамен“.

Коментарите доаѓаат откако американскиот специјален претставник Паоло Замполи изјави дека побарал од ФИФА, Италија да го замени Иран на овогодинешното Светско првенство и покрај тоа што „азурите“ не се квалификуваше.

„Јас сум Италијанец по потекло и би било сон да ги видам „Аѕурите“ на турнир што се одржува во САД. Со четири титули, тие имаат педигре за да го оправдаат вклучувањето“.

Италија трет пат по ред нема да биде учеснико на Светско првенство, откако беше поразена на пенали од Босна и Херцеговина во плејофот. Во меѓувреме, учеството на Иран на Светското првенство е доведено во прашање поради војната што избувна на 28 февруари.

ФИФА одби да го коментира барањето на Замполи, осврнувајќи се на изјавата на Џани Инфантино, кој потврди дека иранскиот тим ќе учествува на Светското првенство.

За време на пријателскиот натпревар на Иран против Костарика во Турција минатиот месец, Инфантино рече дека Иран ќе учествува на Светското првенство и дека ќе играат „каде што треба, според ждрепката“.

Иранската фудбалска федерација, објави во април дека се во „преговори“ со ФИФА за преместување на натпреварите на Иран од САД во Мексико.

Во средата, портпаролот на иранската влада изјави дека машката репрезентација се подготвува за „гордо и успешно учество“ на Светското првенство во САД.

Share
Scroll to Top