Фудбалската репрезентација на Италија нема да биде учесник на Светското првенство, па селекцијата на Роберто Манчини се теши со победа (1:3) над Албанија на пријателски натпревар. „Аѕурите“ беа елиминирани од Македонија во полуфиналето на плеј-офот од Лигата на нации.
Ардиан Исмајли ги доведе Албанците во водство во 16.минута, но Ди Лоренцо израмни само четири минути подоцна. Два гола за Италија постигна новото име, Винченцо Грифо, и донесе триумф.
Мексико со пораз (1:2) од Шведска ќе патува на Светското првенство. Рохден и Сванберг беа стрелци за Швеѓаните, а Алексис Вега погоди за Мексико.
Por algo Alexis Vega trae el 10 del Tri. Es todo lo que diré. pic.twitter.com/rPmXf8ipJe
— Raúl Muñoz (@RaulMunozMEX) November 16, 2022