Италијански новинар откри во кој клуб Роналдо ќе ја заврши кариерата

Италијански новинар откри во кој клуб Роналдо ќе ја заврши кариерата

пред 3 години

Фудбалската иднина на Кристијано Роналдо ќе биде една од темите што ќе го обележи почеткот на преодниот рок. Португалецот, донесе да му овозможи на Јувентус да ја освои Лигата на шампионите, оваа сезона не само што не успеа да направи значаен резултата во елитното натпреварување, туку тој и клубот остнаа и без титулата во Серија А.

Оваа сезона може да се претвори во вистинска катастрофа за Јувентус, доколку не успеат да изборат пласман во Лигата на шампионите.

Медиумите редовно се занимаваат со судбината на Роналдо. Изминатите недели се шпекулира дека тој ќе се врати во Манчестер јунајтед.

Новинарот на „Спортмедиасет“, Клаусио Рајмонди, тврди дека Роналдо и наредната сезона ќе биде во Јувентус, а откако ќе му истече договорот ќе се врати во Спортинг од Лисабон каде ќе ја заврши кариерата.

Роналдо, за Спортинг има одиграно 31 натпревар (постигнал пет гола). Во 2003 година за 19 милиони евра се пресели во Манчестер јунајтед.

Share
Scroll to Top