Една од главните теми во италијанските спортски весници по вчерашното реми во дербито помеѓу Јувентус и Милан (1:1) беше борбата во средината на теренот на двајца таленти, и оценката е дека Сандро Тонали ја добил „пресметката“ со Мануел Локатели.
Јувентус имаа рано водство на „Алијанц стадионот“ со голот на Алваро Мората, но Милан спаси поен преку Анте Ребиќ, додека оценката е дека Стефано Пиоли ја добил тактичката тренерска битка со Масимилијано Алегри.
Без Златан Ибрахимовиќ и Оливие Жиру во нападот, Милан освои поен, кој го остава Јувентус на 18. место во Серија А по 4 меча. Според „Ил кориере дело спорт“, Тонали бил најдобриот поединец на мечот со оценка 7.5, додека „Ла газета дело спорт“, сепак пред Тонали го става стрелецот на израмнувачкиот гол, Анте Ребиќ.