Франција во 1998 година ја освои својата прва титула светски шампион во фудбал, победувајќи го Бразил со 3:0 во легендарниот меч во кој бразилскиот Роналдо играше повреден. Интересно видео од тренингот на Французите пред финалето покажува колку тие се плашеле од него.
Марсел Десаи, Лилијан Турам и Франк Лебеф дискутираат како да го сопрат Роналдо, кој имаше 34 постигнати голови таа сезона. Тројца дефанзивци од светска класа цел тренинг посветија на „Ил Феномено“.
Тие дискутираат за потезите на Бразилецот, за тоа како одеднаш им ја „снемува“ топката пред нозете, а Десаи признава дека му направил сличен потег во италијанскиот шампионат (Десаи беше фудбалер на Милан) и дека едноставно „не ја видел топката“.
Lilian Thuram’s and Marcel Desailly talking about how scary it is trying to defend against Ronaldo. pic.twitter.com/1VjiulSL8D
— 90s Football (@90sfootball) May 8, 2021
Финалето во 1998 е обвиено во мистерии околу тоа дали Роналдо требаше да го стартува мечот, бидејќи се веруваше дека е болен. Тој не беше ефективен во мечот во кој Франција дојде до 3:0 победа со головите на Зинедин Зидан (2) и Емануел Пети.
Постоеја многу шпекулации околу наводна „местенка“ во мечот, и Мишел Платини, поранешниот претседател на УЕФА потврди дека имало „местенка“, но не начин на кој се мислеше.
„Кога го организиравме календарот, направивме мал трик. Ако завршевме први во групата, и тие беа први, немаше да можеме да се сретнеме до финалето. Не работевме шест години на организацијата за да го оставиме тоа на случајноста. На крајот, тоа беше остварување на сонот“, изјави подоцна Платини.