Каратистот Данило Божовиќ освои петто место на Светската младинска лига во Хрватска

Каратистот Данило Божовиќ освои петто место на Светската младинска лига во Хрватска

пред 8 часа

Светската Карате 1 Младинска лига од 26 до 29 јуни се одржува во хрватскиот град Пореч, а меѓу учесниците се и членови на клубот „Макпетрол“. На овој глобален турнир настапуваат 3,225 каратисти со 3,326 натпреварувачки влезови од 78 држави. Претставникот на скопската екипа, Данило Божовиќ (+84 кг.), не успеа да победи во борбата за бронзен медал, односно го освои петтото место.

Во елиминацискиот дел Божовиќ имаше една победа и еден пораз, подоцна успеа да влезе во репасажните борби и со уште две последователни победи влезе во директна натпревар за бронзен медал. Имаше предност, но загуби од турскиот репрезентативец. До мечот за бронзен медал тој ги оствари следниве резултати во борбите против: Алексенко Артем (Украина) 5-1, Секот Никола (Германија) 0-3, Рисцилиони Јонатан (Италија) 1-0, Рами Наитхам (Франција) 3-2 и Ај Ајберк (Турција) 2-5.

Втората каратистка која настапи во највозрасната младинска категорија на У21, забележа една победа и еден пораз. Во категоријата под 61 килограм, Јована Мицовска со Сара Шријал (Австрија) оствари резултат 0-0, додека беше поразена со 5-1 од Ника Бешлија (Хрватска) 1-5. Каратистите на „Макпетрол“ ги предводеше тренерот Петар Заборски

„Бевме многу блиску до освојување бронзен медал. Данило во репасажниот дел имаше три тешки и неизвесни борби, со само три минути борбите одеа една по друга. Иако имаше бодовна предност во одлучувачката борба за бронзениот медал не издржа до крај со претставникот на Турција, Ај Ајберг и загуби со резултат 2-5. Оваа светска лига е големо искуство за овој млад и талентиран спортист кој оствари навистина висок пласман“, рече тренерот Заборски.

Share
Scroll to Top