Касано: Роналдо е „производ“, а Меси е нешто што никогаш повеќе нема да видиме

Касано: Роналдо е „производ“, а Меси е нешто што никогаш повеќе нема да видиме

пред 4 години

Без влакна на јазикот, како и секогаш, Антонио Касано повторно се вклучи во вечната фудбалска дебата, кој е подобар Кристијано Роналдо или Лионел Меси, нарекувајќи го Португалецот „произведен талент“.

Касано, кој му кажа збогум на фудбалот во 2017, од друга страна смета дека Меси е нешто „што нема да видиме повеќе во животот“, споредувајќи го со имиња како Роџер Федерер, Мајкл Џордан и Диего Марадона.

„Кристијано Роналдо е произведен талент. Можете да го забележите како го гради тој имиџ со тренинзите со децата на Инстаграм. Многу се зборува за него, а помалку за Меси, но тие се сосема различни работи во светот на фудбалот. ЦР7 е многу силен, но е граден талент. Меси, од друга страна е Федерер, Џордан, Марадона, нешто што се гледа еднаш во животот, човек со неверојатен талент и подарок од природата“, вели 38-годишниот Италијанец за шпанскиот „АС“.

Иако многумина мислат дека Меси во најдобрите денови во Барселона беше толку исклучителен поради неверојатните соиграчи, Касано вели дека тој ги направил нив.

„Често слушам дека Меси играл со неверојатни фудбалери во Барселона. Јас се сеќавам само на Чави и на Иниеста, а на почетокот тука беше Роналдињо. Меси ги направи фудбалерите како Педро, Дани Алвеш, Маскерано и другите ги направи токму Меси со неговиот талент. Роналдо има цел да дава голови, не му е грижа за тимот или за асистенциите. Меси, пак, помага цел тим да расте и тој ми останува идол“, додава Касано.

Share
Scroll to Top