Касемиро не сака да го напушти Јунајтед

Касемиро не сака да го напушти Јунајтед

пред 2 недели

Касемиро, играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, не сака да го напушти клубот од „Олд Трафорд“.

Англиските медиуми објавија дека Галатасарај е заинтересиран за Бразилецот, но проблемот е што тој има астрономска плата која турскиот клуб не може да му ја исплаќа. Во Јунајтед, Касемиро неделно заработува 375.000 фунти.

Преодниот рок во Турција завршува на 13 септември, но „Дејли Мејл“ пренесува дека Касемиро не е подготвен да се пресели во Турција и ќе одбие каква било понуда од Турција.

Касемиро, во неделата одигра ужсно против Ливерпул, директно е виновен за првите два гола. Поради тоа не престануваат критиките на негова сметка, а сигурно е дека неговиот статус ќе се смени со доаѓањето на Мануел Угарте.

Се очекува дека Угарте ќе биде стартер кај Тен Хаг, а Касемиро ќе се пресели на клупата за резерви.

Share
Scroll to Top