Икер Касиљас стана заменик директор на фондацијата на Реал Мадрид, објави „кралскиот клуб“.
„Окер Касиљас е легенда на Реал Мадрид, ги претставува вредностите на нашиот клуб, тој е најдобриот голман во нашата историја“, објави Реал.
Касиљас, со Реал Мадрид, освоил 19 трофеи. Во Реал минал 25 години. Кариерата ја заврши во Порто.
„Голема чест е што еден од нашите великани се врати дома“, напишаа од Реал.