Квалификациски меч одложен поради обид за пуч

Квалификациски меч одложен поради обид за пуч

пред 3 години

ФИФА потврди дека мечот од квалификациите за Светското првенство во 2022 помеѓу Гвинеја и Мароко, закажан за 6 септември, е откажан по обидот за пуч во земјата-домаќин.

Според повеќе светски медиуми, во Гвинеја во тек е воен удар, со извештаи за престрелки на улиците на престолнината, Конакри, каде што требаше да се одигра мечот.  ФИФА не одреди термин за одложениот меч, посочувајќи дека „политичката и безбедносната ситуација во Гвинеја е нестабилна“.

Share
Scroll to Top