Кимих: Би платиле да гледта ваков натпревар

Кимих: Би платиле да гледта ваков натпревар

пред 3 месеци

Баерн Минхен со историска победа ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите. Баварците со 9:2 го порази Динамо, со што му го нанесоа најтешкиот пораз на тимот од Загреб во клупската историја.

Четири гола постигна Хари Кејн (три од пенал), два Мајкл Олисе, а по еден Рафаел Гереиро, Лерој Сане и Леон Горецка.

„Би платиле билет за да гледате ваков натпревар, нели?“, им рече Џошува Кимих на германските новинари и продолжи: „Навивачите сигурно се забавуваа. Од трибините можеше да се види дека сакаме да постигнеме повеќе голови.

Заслужено водевме во првото полувреме, ја контролиравме играта. Лошо го започнавме вториот дел, Динамо се доближи до израмнување. Но, освен тие пет минути, ова беше спектакуларен натпревар“.

Share
Scroll to Top