Клучен натпревар за двете репрезентации – Србија ќе ја пречека Албанија во Лесковац

Клучен натпревар за двете репрезентации – Србија ќе ја пречека Албанија во Лесковац

пред 3 часа

Фудбалерите на Србија нема да ја пречекаат Албанија во Белград во квалификациите за Светското првенство што ќе се игра во 2026 година.

На веб-страницата на УЕФА се појави официјална информација дека Србија нема да биде домаќин на албанските фудбалери во Белград, наведено е дека натпреварот ќе се одигра на стадионот „Дубочица“ во Лесковац. Капацитетот на овој стадион е околу 8.000 места.

Првично беше планирано натпреварот да се игра во Белград, но потоа Фудбалскиот сојуз на Србија побара да се премести во Лесковац, што и УЕФА го прифати и потврди, како што објавија и Албанците.

„По средбата со Англија во Белград, одлуката за промена на локацијата беше донесена врз основа на детални анализи на сите аспекти поврзани со организацијата на спортски настан со висок ризик како што е претстојниот дуел со Албанија.

Клучната причина е безбедноста. Не само публиката, туку пред сè играчите и сите други актери во играта. Ваквата средба носи највисок степен на ризик и бара целосна контрола со цел да се спречат инциденти како што веќе имавме можност да видиме во дуелите на овие два тима. Сите добро ги паметиме настаните и последиците од Белград во 2014 година“, се вели меѓудругото во соопштението што го објави Фудбалскиот сојуз на Србија.

Овој натпревар ќе се игра на 11 октомври.

foto/ EPA

Share
Scroll to Top