Поради отсуството на Пандев (поштеда), Адеми (повреда), Димитриевски (суспензија) во составот на македонската фудбалска репрезентација за утрешниот меч против Естонија од Лигата на нации во рамки на вториот циклус на Лигата на нации, селекторот Игор Ангеловски сакаше во А-репрезентацијата да прекомандува тројца од Македонија У-21. Требаше Чурлинов, Тодоровски и Јанков да играат со сениорите, но Ковид 19 ги измеша работите.
Поради позитивни случаи на Ковид-19 во младата фудбалска репрезентација, тие тројца остануваат со младинците.
Селекторот Ангеловски дополнително го повика играчот на Шкендија, Љупчо Дориев за двата меча против Естонија и Ерменија.