Кокошков повеќе не е селектор на Србија

Кокошков повеќе не е селектор на Србија

пред 3 години

Игор Кокошков повеќе не е селектор на кошаркарската репрезентација на Србија. Тренерот и Кошаркарскиот сојуз на Србија, во вторникот, спогодбено се разделеиле.

Кокошков, во ноември 2019 година, го наследи на кормилото на националниот тим, Александар Ѓорѓевииќ. Под негово водство, Србија доживеа големо разочарување, како домаќин на квалификацискиот турнир не успеа да се пласира на олимписките игри во Токио.

Кокошков, минатата сезона го предводеше и Фенербахче. И во Истанбул не успеа да постигне забележителен резултат. Замина и од Фенербахче и се врати во НБА лигата. Тој ќе му биде помошник на Џејсон Кид во Далас Маверикс.

Најголемиот успех во кариерата, Кокошков, го постигна во 2017 година, кога со Словенија стана европски првак.

Според српските медиуми, нов селектор ќе биде искусниот Светислав Пешиќ.

Share
Scroll to Top