Колцеску се заканува, ако го казнат за расизам, најавува тужба!

Колцеску се заканува, ако го казнат за расизам, најавува тужба!

пред 4 години

Не стивнува бурата по скандалот кој изби на мечот меѓу ПСЖ и Башакшехир во последното коло од групната фаза во Лигата на шампиони кога во центарот на вниманието се најде четвртиот судија на мечот, Романецот Себастијан Колцеску.

За потсетување – Колцеску мислејќи на помошник тренерот на турската екипа го нарекол „Оној црниот таму“ што предизвика бурна реакција на теренот, па мечот беше прекинат и се доигра другиот ден, со нови судии.

Доколку биде прогласен за виновен за ширење расизам, романскиот судија вели дека ќе вложи жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана. Во случај Колцеску да не ја прифати одлуката на УЕФА која може да биде на негова штета, тој има право да се жали и до Европскиот суд за човекови права.

Првата казна која се споменува за овој случај е суспензија од 10 меча за Романецот, но официјално се уште нема разрешница.

Share
Scroll to Top