Коман одби трансфер во Саудиска Арабија

Коман одби трансфер во Саудиска Арабија

пред 4 месеци

Баерн Минхен и покрај сите напори не успеа да го продаде Кингсли Коман во Саудиска Арабија. Францускиот играч го одби трансферот на Блискиот Исток.

Кингсли Коман останува во редовите на Баерн Минхен, а тоа го потврди и директорот Макс Еберл на прашањето на новинарите за иднината на францускиот крилен напаѓач.

„Тој останува со нас“, рече Еберле.

Според Фабрицио Романо, Баерн се согласил да го продаде овој фудбалер на Саудиска Арабија, но играчот ја одбил понудата на клубот кој е актуелен шампион на споменатата земја.

Коман во новата сезона двапати влегуваше од клупата во победите против Волфсбург и Фрајбург.

Share
Scroll to Top