Конте доби „зелено светло“ од Наполи да ја преземе Италија

Конте доби „зелено светло“ од Наполи да ја преземе Италија

пред 3 часа

Претседателот на фудбалскиот клуб Наполи, Аурелио Де Лаурентис, денес изјави дека ќе му дозволи на тренерот на тимот, Антонио Конте, да ја преземе италијанската репрезентација.

„Доколку Конте ме замоли да му дозволам да се врати во репрезентацијата, мислам дека би се согласил. Но, бидејќи е многу интелигентен и сè додека нема сериозен кандидат, што досега не се случило, не мислам дека би се замислил себеси на чело на целосно неорганизиран ентитет“, изјави Де Лаурентис за „Калчонаполи 24“.

Конте, во понеделникот вечерта по победата на Наполи над Милан од 1-0 во Серија А, изјави дека е нормално неговото име да се споменува меѓу кандидатите за нов селектор, откако Џенаро Гатузо ја напушти репрезентацијата по поразот во финалето од плејофот за Светското првенство.

„Да не заборавиме дека минатата година, во последните три месеци од сезоната, медиумите пишуваа дека ќе го напуштам Наполи и ќе одам во Јувентус, нели? Медиумите мора да пишуваат нешто и сосема е во ред моето име да биде на списокот на потенцијални кандидати. Да бев претседател на Федерацијата, ќе се земев себеси предвид“, рече Конте, кој беше селектор на Италија од 2014 до 2016 година.

На последната седница, Италијанската фудбалска федерација го раскина договорот со селекторот Џенар Гатузо по меѓусебен договор, откако репрезентацијата не успеа да се квалификува на Светското првенство, трет пат по ред. После тоа, претседателот на Фудбалската асоцијација на Италија, Габриеле Гравина, ја напушти својата функција, по политички притисок и критики од навивачите.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top