Корона во Токио, во хотелот каде што се бразилските џудисти

Корона во Токио, во хотелот каде што се бразилските џудисти

пред 3 години

Нови проблеми за организаторите на Олимписките игри во Токио, во хотелот во кој се сместени бразилски спортисти има заразени со коронавирусот.

8 вработени во хотел во јапонското место Хамаматцу, каде што е сместена бразилската џудо репрезентација биле позитивни на Ковид 19.

Од управата на хотелот соопштиле дека сите 30 вработени во саботата биле тестирани пред да дојдат бразилските спортисти, а на работа останале само оние што имале негативни тестови. Оттаму тврдат дека никој од заразените не бил во контакт со спортистите.

„Работат само оние кои имаат негативен тест. На селекцијата и појаснивме дека во хотелот се само здрави работници“ велат од Управата на хотелот.

Во Токио е на сила вонредна состојба поради шитење на Ковид 19. Вчера се регистрирани 1.149 нови случаи што е најголема бројка на дневна основа во земјата.

Share
Scroll to Top