Куба ги победи САД, Аргентина загуби во Чиле

Куба ги победи САД, Аргентина загуби во Чиле

пред 9 месеци

Две големи изненадувања се случија во квалификациските натпревари за кошаркарскиот Куп на Америка, порази дожиеваја САД и Аргентина.

Американците беа поразени во Хавана од Куба со 81:67. Најефикасен на мечот беше Педро Бомбино, 23-годишник кој настапува во Аргентина, со 19 поени.

Покрај него, по 11 поени постигнаа Хасиел Риверо и Маркос Каќон.

Рејкван Греј беше најдобар кај САД со 17 поени, додека Џејмиус Ремзи додаде 14. Американската селекција ја сочинуваат претежно играчи од Развојната лига, а меѓу попознатите имиња се Елфрид Пејтон Јуниор и Стенли Џонсон.

Аргентина падна во Чиле 79:77, а херој беше кошаркарот на естонски Кале, Мануел Мани Саурез со 29 поени (10-16 од поле, 9ск), додека Франко Моралес запиша 17 поени и 6. асистенции.

Најдобри за „гаучосите“ беа Факундо Кампацо со 16 поени (6-18 од поле) и 9 асистенции и Габриел Дек со 20 поени (5-15 од поле). Болмаро даде 12, а Брусино 11 поени.

Share
Scroll to Top