Кузмановски: Имаме доволно време да се подготвиме за СП

Кузмановски: Имаме доволно време да се подготвиме за СП

пред 2 дена

Извор/ facebook.com/rfmofficial

Најдобрите македонски ракометари продолжуваат со подготвките за настап на Светското првенство.

Селекторот Кирил Лазаров и неговите избраници, во Стара Пазова ја одработуваат првата фаза. Филип Кузмановски ја пренесе атмосферата во националниот тим.

„Расположението и мотивацијата се на највисоко ниво. Пред нас е уште едно големо првенство. Сите знаеме колку беше тешко да дојдеме до него и колку сите напорно работиме за да бидиме дел од овој колектив.

Од прв ден почнавме со анализа на нашите противници. Ќе се соочиме со квалитетни репрезентации, мораме да бидеме добро подготвени, и физички и тактички. Ќе имаме доволно време да се спремиме до стартот на првенството.
Во следниот период ќе одиграме и контролни натпревари на кои ќе можеме да го пробаме сето она што го подготвуваме за нашата група“.

Македонија на Светското првенство, своите натпревари во Д-групата ќе ги игра во Вараждин, Хрватска.

Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 15.јануари од 20.30 часот против Унгарија, два дена подоцна од 18 часот Македонија ќе игра против Холандија, а на 19.јануари последен противник во групата на избраниците на Лазаров ќе им биде Гвинеја.

Share
Scroll to Top