Куман: Не гледам дека некој е подобар од Барселона

Куман: Не гледам дека некој е подобар од Барселона

пред 4 години

Најавувајќи го утрешниот натпревар со ПСЖ, во Лигата на шампионите, Роналд Куман, рекол дека во моментов ниту еден тим не е подобар од Барселона. Тренерот на Барса, верува, дека неговиот тим ќе го елиминира ПСЖ во осмина-финалето.

Барселона во дуелот со ПСЖ ќе влезе по убедливиот триумф над Алавес (5:1), но три дена пред оваа победа, Барселона загуби од Севилја (2:0), во првиот полу-финален меч во Купот.

„Имаме добар тим. Тимот игра добро, на високо ниво. Добро сме и физички подготвени. Имаме фантастични играчи, што значи дека секого можеме да победиме, а тоа и сакаме да го покажеме играјќи против најдобрите светски тимови“, рекол Куман.

Куман утре во тимот ќе го има Џерар Пике, меѓутоа нема да може да смета на услугите на Ансу Фати, Роналд Араухо, Серхи Роберто и Филипе Кутињо.

Share
Scroll to Top