Купот на Шпанија ќе се игра пред публика

Купот на Шпанија ќе се игра пред публика

пред 4 години

Двата финални натпревари во Купот на Шпанија, минатогодишниот кој не се одигра и годинешниот, ќе се одиграат во април во присуство на публика. Ова значи дека во Шпанија по 13 месеци пауза ќе има гледачи на еден фудбалски натпревар.

Радиото Кадена СЕР, тврди дека, за натпреварите кои ќе се одиграат на стадионот „Ла Картуха“, во Севилја, ќе бидат пуштени во продажба по 18.000 влезници. Инаку, овој стадион има капацитет од 60.000 седишта.

Минатогодишното финале Алтетик Билбао и Реал Сосиедад ќе го одиграат на 3.април, а две недели подоцна, во годишното финале Атлетик Билабо ќе игра против Барселона.

Share
Scroll to Top