Менаџерот на Челси, Френк Лампард смета дека фудбалот би требало да биде изземен од правилата за КОВИД-19 во Велика Британија, односно дека со дозвола за посета на дел навивачи, некои тимови имаат нефер предност.
Според системот во Велика Британија со три нивоа, клубовите во првото и второто ниво имаат дозвола од 4.000 или 2.000 навивачи до максимум од 50 отсто од капацитетот на стадионот. На почетокот на месецот, половина од 20-те клубови во Премиер лигата можеа да имаат гледачи. Лондон беше во втората група и Челси пречека навивачи на „Стемфорд бриџ“ против Лидс во Премиер лигата и во мечот од ЛШ против Краснодар.
Но, од понеделник, Лондон влегува во третата група и со тоа нема да има дозволено навивачи, слично како во Манчестер, каде што дербито меѓу Јунајтед и Сити се играше без гледачи.
„Мислам дека е тешко да се навикнеме пак на празни стадиони и тоа е разочарувачки. Иако досега имавме гледачи, секогаш сметав дека требаше да биде еднакво за сите. Ако некои клубови смеат да имаат гледачи, а некои смеат, тогаш тоа не е еднаквост и носи предност. Не можам да кажувам на владата што да прави, но можеме да контролираме 2.000 фанови без разлика на кој степен сме“, вели Лампард.