Левандовски со два гола на својот роденден, Барса со голема победа во Баскија

Левандовски со два гола на својот роденден, Барса со голема победа во Баскија

пред 2 години

На Роберт Левандовски постигна два гола на својот роденден за да ги предводи Барселона до охрабрувачка 4:1 победа на гости кај незгодните Реал Сосиедад, за конечно, да се види моќта на напаѓачкиот тим на Чави Ернандез.

Мечот почна совршено за Полјакот, кој по само 40-тина секунди игра ги донесе гостите во водство, најавувајќи добар меч за Каталонците. Меѓутоа, Сосиедад врати со одличниот гол на Александер Исак во шестата минута од мечот, за да ја вратат рамнотежата, барем до второто полувреме.

Иницијативата на Барса се исплатеше во 66. минута, кога Усман Дембеле повторно ги донесе во водство, за само две минути подоцна, Левандовски да погоди по вторпат, пред во 79. минута да му асистира на Ансу Фати за четвртиот гол за Барселона.

Share
Scroll to Top