Легенда е на Манчестер јунајтед, а цел живот навива за друг клуб

Легенда е на Манчестер јунајтед, а цел живот навива за друг клуб

пред 9 месеци

Легендарниот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин откри дека никогаш не бил навивач на клубот од „Олд Трафорд“.

Кин со Јунајтед освои седум титули во Премиер лигата, четири во ФА купот и Лигата на шампионите, но никогаш не бил навивач на Јунајтед.

„Мамузите отсекогаш биле мојот тим“, рече Кин на подкастот „Stick to Football“, во кој разговараше со легендата на Арсенал, Јан Рајт и поранешниот соиграч Гери Невил.

„Кога тренирав за Рокмаунт, таткото на еден од моите соиграчи нè возеше на тренинг и тој беше навивач на Тотенхем. Така започна се”, изјави Кин пред осум години за „Дејли мејл“.

„Ги сакав Глен Ходл и Клајв Ален, кои во тоа време играа за Тотенхем. Дури ми понудија да дојдам на проба, но јас се одлучив за Нотингем Форест. Во тој клуб беа добри со мене, чувствував лојалност кон нив. Чувствував приврзаност кон Тотенхем, сè уште чувствувам“.

Share
Scroll to Top