Лео Меси е БЕСТ! ФИФА по вторпат го круниса Аргентинецот

Лео Меси е БЕСТ! ФИФА по вторпат го круниса Аргентинецот

пред 2 години

Како што беше очекувано, Лионел Меси по вторпат во својата кариера ја освојува наградата ФИФА Бест, како најдобар фудбалер во 2022 година, победувајќи ги соиграчот од Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе и ѕвездата на Реал Мадрид и освојувач на „Златната топка“, Карим Бензема.

Со ова се комплетира совршената 2022 година за Аргентинецот, кој ја освои титулата во француската Лига 1 со својот нов клуб Пари Сен-Жермен, пред на магичниот Мундијал во Катар да ја оствари својата животна цел и со Аргентина да стане светски шампион за трета „ѕвездичка“ на сино-белиот дрес.

Со оваа победа се комплетира доминацијата на Аргентинците во изборот – селекторот Лионел Скалони е прогласен за најдобар тренер на светот, Емилијано Мартинез е најдобар голман на светот, а покрај тоа аргентинските навивачи ја добија и фан-наградата.

Фудбалерката на Барселона, Алексија Путелјас, повторно е прогласена за најдобра фудбалерка на светот, зацврстувајќи го статусот на легенда во женскиот фудбал. Таа постигна 34 гола во сите натпреварувања за Барселона за тројна титула и е првата фудбалерка која освојува две Бест награди.

Share
Scroll to Top