Ливерпул бара чудо против ПСЖ, Атлетико брани голема предост против Барселона

Ливерпул бара чудо против ПСЖ, Атлетико брани голема предост против Барселона

пред 4 часа

Фудбалерите на Пари Сен Жермен и Атлетико Мадрид бранат предност од два гола, од првите натпревари од четвртфиналето на Лигата на шампионите, против Ливерпул и Барселона.

Актуелниот шампион на Европа, Пари Сен Жермен, гостува кај Ливерпул на стадионот „Енфилд“, во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Ливерпул историски успеваше да се врати од тешки ситуации, но оваа задача ќе биде речиси невозможна.

Се очекува офанзивен пристап од домаќините, нешто што не беше случај во Париз, што може да отвори простор за контранапади на ПСЖ. Парижаните се најефикасниот тим во натпреварувањето оваа сезона и постигнаа најмалку два гола во секој натпревар од нокаут фазата.

Доколку гостите рано ја затресат мрежата на „Енфилд“, практично веќе со едната нога ќе бидат во полуфиналето.

Парижаните доаѓаат во Англија со голема предност, по победата од 2:0 во првиот натпревар на „Паркот на принцовите“.

Херој на тој натпревар беше Хвича Кварацхелија, кој постигна спектакуларен гол – веќе петти во нокаут фазата – додека Дезир Дуе го постигна првиот гол.

Овој двоен натпревар потсетува на минатосезонскиот осминафинален судир, кога Ливерпул славеше во Париз, но ПСЖ возврати на „Енфилд“, а потоа победи по изведувањето пенали.

Историјата е исто така на страната на ПСЖ, тие ги добија двата претходни натпревари против Ливерпул, вклучувајќи го полуфиналето на Купот на победниците на куповите во 1996/1997 година и ремито од минатата сезона.

Сепак, „црвените“ имаат причина за оптимизам: тие победија во шест од последните осум четвртфиналиња на Лигата на шампионите, иако не беа во можност да одат ниту чекор понатаму од сезоната 2021/2022.

Сигурно е дека ќе има голови, ниту еден од 61-те нокаут натпревари на ПСЖ не завршил без голови, додека Ливерпул никогаш не одиграл 0-0 во 37 европски средби со француски тимови.

Атлетико Мадрид ја пречекува Барселона во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

На „Метрополитано“ се очекува спектакл што ќе го одлучи патникот меѓу четирите најдобри тима во Европа.

Водството од 2:0 и одличните партии на Атлетико, на домашен терен, му даваат мала предност на домашниот тим. Атлетико не играл полуфинале во Лигата на шампионите девет години.

Сепак, Барселона веќе покажа дека може да се закани во вакви ситуации, па се очекува тактички исклучително тежок дуел меѓу два европски гиганти. Дополнителен проблем за домашниот тим е отсуството на Марко Пубил, додека Барселона не може да смета на Пау Кубарси.

Во центарот на вниманието ќе биде дуелот меѓу расположениот Хулијан Алварез и неверојатниот тинејџер Ламин Јамал, кој би можел да ја одлучи судбината на овој спектакл.

Атлетико Мадрид има голема предност од првиот натпревар, бидејќи победи со 2:0 на „Камп Ноу“.

Клучниот момент дојде откако Пау Кубарси беше исклучен,а потоа Хулијан Алварез постигна спектакуларен гол од слободен удар.

Конечниот резултат го постави Александар Серлот, и покрај фактот дека Атлетико имаше скромна офанзивна изведба – само девет допири во шеснаесетникот и пет шута кон голот.

Барселона изгледаше поопасно пред црвениот картон, а најголема закана беше Маркус Рашфорд, но тимот на Диего Симеоне покажа максимална ангажираност во клучните моменти.

Реваншот носи сосема поинаква слика. Тренерот на Каталонците, Ханс Флик, верува во пресврт, иако историјата е на страната на „јорганџиите“, кои ги добија двата претходни четвртфинални двомеча против Барселона во Лигата на шампионите (2013/2014 и 2015/2016).

Иако одиграа дисциплинирано во дефанзивата во првиот натпревар, Атлетико беше исклучително ефикасен дома во Лигата на шампионите оваа сезона – постигнаа по пет гола против Ајнтрахт Франкфурт и Тотенхем Хотспур, како и четири против Клуб Бриж.

Алварез е исто така во одлична форма, постигна 15 гола на последните 18 натпревари во елитното натпреварување, вклучувајќи пет во оваа нокаут фаза.

Клучното прашање ќе биде пристапот на Атлетико – дали тимот на Симеоне ќе игра мирно или ќе се определи за висок пресинг, што би можело да го одлучи исходот од двомечот.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top