Ливерпул без Алисон против Галтасарај

Ливерпул без Алисон против Галтасарај

пред 2 часа

Ливерпул ќе биде без првиот голман Алисон Бекер за првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Галатасарај.

Бразилскиот голман не отпатува со тимот во Истанбул, што е многу изненадувачки, со оглед на тоа што и тој бил на утринскиот тренинг и немало информации за некоја сериозна повреда.

Сепак, според последните информации, Алисон почувствувал непријатност во тетивите на крајот од тренингот, поради што тренерскиот штаб одлучил да го остави во Ливерпул.

Ова значи дека Героги Мамардашвили ќе биде на голот во вторник. Фреди Вудман ќе седи на клупата.

Алисон има 32 настапи во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top