Ливерпул на „Енфилд“ го носи новиот Бруно Фернандеш?

Ливерпул на „Енфилд“ го носи новиот Бруно Фернандеш?

пред 4 години

Португалскиот весник „Рекорд“ денеска објави дека Ливерпул се заинтересирани за одличниот играч од средниот ред на Спортинг Лисабон, Педро Гонкалвеш.

Наводно, „црвените“ го контактирале Португалецот во зимскиот преоден рок и сакаат 22-годишниот фудбалер да дојде на „Енфилд“ летоска.

Гонкалвеш по заминувањето од тимот на Бруно Фернандеш во Манчестер Јунајтед ја презема улогата на полушпиц во тимот, но оваа сезона игра на позиција десно крило.

Во 20 настапи сезонава во сите натпреварувања има 14 гола и 3 асистенции и е еден од најзаслужните што тимот од Лисабон е на врвот на табелата во лигата без ниеден пораз.
Според „Transfermarkt“ младиот Португалец вреди само 15 милиони евра, но има и отштетна клаузула од 60 милиони евра. Весникот тврди дека клубот сигурн нема да прифати трансфер – сума помала од клаузулата.

Гонкалвеш од 2017 до 2019 година играл за Вуверхемптон, додека „волците“ се натпреварувале во Чемпионшип.

Share
Scroll to Top