Лигата на шампионите во нов формат од 2024 година

Лигата на шампионите во нов формат од 2024 година

пред 3 години

Европската фудбалска унија (УЕФА), во иднина има намера Лигата на шампионите да се игра во лига-систем. „Тајмс“ тврди, дека од 2024 година, УЕФА сака во Лигата на шампионите да се натпреваруваат од 32 до 36 екипи и секој тим да игра по најмалку 10 натпревари во лигашкиот дел.

Според овој извор, УЕФА со овој потег ќе им застане на патот на најбогатите клубови кои имаат желба да направат своја, Суперлига.

Предлогот на УЕФА е да се укинат натпреварите по групи, а во првиот дел од натпреварувањето секој тим ќе треба да одигра по пет натпревари дома и во гости.

По одиграните 10 натпревари, најдобрите 16 екипи би се пласирале во нокаут-фазата.

Во нокаут-фазата, УЕФА би го примениле системот од НБА лигата, односно првиот за противник би го имал 16 пласираниот тим, вториот би играл против 15-от, третиот против 14-от…

Тимовите од 17 до 24 место би продолжиле да се натпреваруваат во Лига Европа, додека останатите би ја завршиле сезоната.

„Тајмс“ пишува дека во УЕФА сериозно работат на оваа идеја.

Share
Scroll to Top