Литванскиот тренер на Барса, Јасикевичиус пцуе на српски!

Литванскиот тренер на Барса, Јасикевичиус пцуе на српски!

пред 4 години

Литванскиот тренер на Барселона, Шарунас Јасикевичиус беше очигледно лут по 99:94 поразот од Макаби Тел Авив во вчерашниот меч од Евролигата, но никој не очекуваше кога им делеше лекции на своите играчи во текот на еден тајмаут, на крајот реченицата да ја заврши со пцост на српски јазик.

Иако во кошаркарската кариера, Јасикевичиус не играл во Србија, сепак, на почетокот на кариерата има една сезона во словенечка Олимпија, а имал и српски соиграчи, од кои сигурно ги научил најважните зборови, а да не заборавиме дека долго време играше под човекот со слаби нерви, српскиот стручњак Жељко Обрадовиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurohoops.net (@eurohoops_official)

Share
Scroll to Top