Луис Дијаз го обележа синоешното дерби на „Паркот на принцовите“. Колумбиецот ги постигна двата гола за Баерн, во четврттата и 32-та минута, а во финишот на првиот дел со брутален старт го повреди Ашраф Хакими и доби црвен картон.
Десниот бек на ПСЖ, во солзи и со помош на лицата од медицинскиот тим на ПСЖ го напушти теренот, а нешто подоцна со помош на патерици замина од стадионот.

Актуелниот европски првак се уште не се огласил по повод повредата на Хакими, додека француските медиуми пишуваат дека Мароканецот ќе паузира најмалку два месеци.
Доколку шепкулациите се точни ова е лоша вест за тренерот на ПСЖ, Луис Енрике и селекторот на Мароко Валида Реграги.
Паузата од два месеци значи дека Хакими ќе го пропушти Африканскиот куп, кој започнува на 21 декември. Неиграњето на капитенот Хакими ќе биде голем удар за Мароканците кои имаат најголеми амбиции. Мароко последен пат го освоил Африканскиот куп во далечната 1976 година.






