Луис Енрике може да здивне – Љоренте доби негативен Ковид тест

Луис Енрике може да здивне – Љоренте доби негативен Ковид тест

пред 3 години

Фудбалскиот репрезентативец на Шпанија – Диего Љоренте утре се враќа во тренинг кампот на „Фуријата“ откако денеска доби негативен Ковид тест.

Љоренте беше вториот играч, по Серхио Бускетц кој беше заразен со коронавирусот и кој мораше да го напушти кампот на националниот тим.

Дефанзивецот требаше да помине 10 дена во самоизолација, но повторниот Ковид тест покажал дека е негативен на вирусот, односно дека првиот тест бил „лажно позитивен“.

Утре ќе им бидат на сите репрезентативци направени по два нови теста, кои доколку се негативни, селекцијата ќе е комплетна пред предизвиците на ЕП.

Шпанија првиот меч на континенталниот шампионат го игра в понеделник против Шведска.

Share
Scroll to Top