Францускиот репрезентативец, Лукс Ернандез (28), се повреди во текот на полуфиналениот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ (1:0).
Ернандез го повреди левото колено кога се обиде да го блокира Никлас Фулкруг, во моментот кога напаѓачот го постигна единствениот гол на натпреварот во 36.минута.
Ернандез веднаш го напушти теренот, клубот се уште не објави за каква повреда станува збор. Медиумите шпекулираат дека станува збор за вкрстените лигаменти.
„Неговото колено имаше навистина голем оток по натпреварот“, изјави тренерот на ПСЖ, Луис Енрике.
Лукас Ернандез е брат на Тео Ернандез, член на Милан. Лукас кариерата ја започна во Атлетико Мадрид, а Баерн го доведе во 2019 година за 80 милиони евра. Четири години подоцна тој пристигна во ПСЖ за 45 милиони евра.
Ернандез има 37 настапи за француската репрезентација со која го освои Светското првенство во Русија во 2018 година, додека во Катар во 2022 година се повреди во 13. минута од првиот меч со Австралија. После тоа тој повеќе не играше, а неговиот тим стигна до финалето и загуби од Аргентина.
Тој ја освои и Лигата на нации во 2021 година, во карирата освоил 14 клупски трофеи.
Со оглед на тоа што францускиот селектор Дидие Дешам има рок до 16 мај да го состави списокот со играчи за ЕП, а ситуацијата со Ернандез се уште е неизвесна, можно е тој да не се најде на списокот на патници за ЕП.
Европско првенство започнува на 14 јуни. во Германија. На ЕП Франција ќе биде во групата Д со Холандија, Австрија и Полска.