Барселона ја продолжи победничката серија во ЕХФ Лигата на шампионите, лесно победувајќи го норвешкиот Елверум во реваншот од осминафиналето со 39:19, кое веќе им беше сигурно по првата гостинска победа од 37:25.
Каталонскиот гигант направи предност од 10 гола уште по првите 30 минути, по што без проблем рутински стигна до својата 12 победа во 12 меча во ЛШ оваа сезона.
Дури 14 ракометари на Барселона се запишаа во листата на стрелците, Мамаду Ламин Дику беше најефикасен со шест гола, а по четири уфрлија Лангару Ину, Мем, Фабрегас и Доленец. Кај Елверум, Доминик Мате имаше шест постигнати гола.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/8 ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ
Барселона – Елверум 39:19 (20:10), прв меч 37:25
Кјелце – Нант 07.04, прв меч 25:24
Алборг – Порто 07.04, прв меч 29:32
Кил – Пик Сегед 07.04, прв меч 33:28
Флензбург – ППД Загреб 08.04, прв меч 36:30
Пари Сен-Жермен – Целје 08.04, прв меч 37:24
Мешков Брест – Мотор Запорожје 08.04, прв меч 30:32
Веспрем – Вардар 08.04, прв меч 41:27