Лацио едвај успеа да се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите, откако во клучниот меч од последното, шесто коло, одигра 2:2 со белгискиот шампион Клуб Бриж и покрај тоа што гостите повеќе од едно полувреме играа со играч помалку. Со бодот, Лацио го освои второто место во групата Ф, каде што лидерот Борусија Дортмунд се врати од негатива за 2:1 победа на гости кај Зенит Санкт Петерсбург. Бриж продолжува со натпреварувањата во Лига Европа. Хоакин Кореа ги донесе домаќините во водство уште во 12. минута, но Руд Формер одговори само две минути подоцна. Лацио повторно поведе со гол од пенал во 27. минута преку Чиро Имобиле, а се мислеше дека работата е готова кога дефанзивецот на белгискиот клуб, Едуард Собол доби втор жолт картон во 39. минута од мечот. Меѓутоа, Бриж не се откажа – во 76. минута израмни преку Ханс Фанакен, а во 83. минута Лацио ја вадеше топката од гол-линијата, додека во 91. минута Бриж ја погоди пречката! Во Русија пак, Себастијан Дриуси ги донесе Зенит во водство рано во првото полувреме, но „милионерите“ во 10 минути во второто полувреме се вратија со головите на Пишчек и Витсел за 1:2 победа. ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 6.КОЛО, ГРУПА Ф Лацио – Клуб Бриж 2:2 Зенит Санкт Петерсбург – Борусија Дортмунд 1:2 Конечна табела : 1.Борусија Д. 13, 2.Лацио 10, 3.Бриж 8, 4.Зенит 1
ЛШ: Бриж со 10 играчи ги „испоти“ Лацио, Дортмунд сигурни во Русија
пред 4 години