Магнусен поради казна нема да вози во Баку

Магнусен поради казна нема да вози во Баку

пред 3 месеци

Данецот Кевин Магнусен ќе го пропушти следниот Формула 1 викенд во Баку, кој е закажан за две недели. Возачот Хас стана првиот возач во Формула 1 кој собрал 12 казнени поени за 12 месеци од воведувањето на правилото. Досега оваа казна беше изречена во четири наврати во Формула 2.

На трката за Големата награда на Италија во неделата, 31-годишникот се судри со Пјер Гасли (Алпин). Истиот ден во Монца имаше контакт со Јапонецот Јуки Цунода (РБ) на стартот на трката, но Данецот не беше казнет поради тој инцидент.

Казна од 10 секунди „заработи“ Магнусен, кој во радио комуникација со тимот ја критикуваше одлуката, тврдејќи дека „ниту еден болид не бил оштетен“ во контактот.

Магнусен собра три казнени поени за судир со Александар Албон во Џеда потоа уште два во Кина поради контакт со Цунода. Останатите пет ги „заработи“ во Мајами – три за напуштање на патеката во спринтерска трка, а две за контакт со Логан Сарџент.

Трката за Големата награда на Азербејџан ќе ја вози (најверојатно) Оливер Берман, кој следната година ќе воза за Хас. Младиот Британец (19) веќе освои шест бода во болидот на Ферари, во кој „скокна“ наместо Карлос Саинц, кој поради воспаление на слепото црвено не можеше да вози во Саудиска Арабија.

Share
Scroll to Top